FoodGuru | Запознај го FoodGuru
Loading...
Додадено во кошничка!
-->
-->
Категории на храна
Појадок, домашно, апетисани
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Пијалоци
Ресторани »
Најави се
Појадок, домашно, апетисани
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Пијалоци
Најави се на
Погрешена лозинка. Пробај со ја заборавив лозинката!
Forgot Password?
Немаш сеуште сметка? Креирај сметка

Запознај го FoodGuru

Кој е FoodGuru? Од каде доаѓа? Колку години има?

Сè што треба да знаеш за FoodGuru е дека тој е оној кој го оттрга обичното, здодевното, и секојдневното од твојот живот за да направи место за нешто уникатно, непознато, и интересно. Тука е за да остане, и можеби не постои долго, но знае многу, посебно за храна.

По својата природа, Гуруто е одличен познавач на храна и нејзин најголем љубител.

Никогаш, ама баш никогаш, нема да го најдеш во ситуација во која се двоуми што да препорача и од каде.

Jа знае секоја добра кујна и секое ќоше во градот, што понекогаш го прави непотребно самоуверен, но и несомнено компетентен. Во својството на водич низ еден поинаков свет на храна, Гуруто е мошне успешен во неговата работа - работа што навистина ја сака. Постои за секого - за корисниците, фановите и набљудувачите. Тој е најдобар пријател на оние кои не се плашат од промени, слушаат туѓи совети, често излегуваат од својата комфортна зона и се желни да истражуваат. Како ресторани така и нови вкусови, кујни, и специјалитети.

Гуруто, исто така, е најголем поддржувач на малите бизниси. Не ги исклучува оние кои сè веќе добро познати но вистината е дека помалите имаат поголемо место во неговото срце. Бидејќи комплетно ја разбира суштината на давање шанса на оние на кои не секогаш им е дадена, FoodGuru ќе го најдеш како навива во прв ред на празните трибини на бизнисите кои имаат најмала веројатност да победат во трката.

Ако неуморно бараш да го најдеш FoodGuru во толпи луѓе на кои наидуваш секој ден, имај на ум дека него можeш да го препознаеш во секој кој нестрпливо чека да го нарача неговиот омилен сендвич, гледа во својот топол оброк, го прашува келнерот за препорака за да го нарача специјалитетот на куќата, ги лиже прстите после јадење на добро зготвено месо, и прави планови да го посети новоотворениот ресторан во градот и покрај тоа што не знае што да очекува.

Иако свој, FoodGuru е секогаш повеќе твој. Со него, вкусна, топла, и навремена храна не е мит, туку вистина и секојдневие. Благодарение на него, могубројни опции и најразлични специјалитети ти се на располагање во секое време. Тој се грижи храната која најмногу ја сакаш да биде доставена до твојот дом, топла и идентична како што ја очекувате.

FoodGuru е твојот гуру кон поквалитетен живот, затоа што единствено добра и квалитетна храна значи квалитетен живот. А квалитетен живот значи љубов, а таа пак патува преку стомакот. На крајот на денот, квалитетот почнува од некаде, најчесто од полн стомак, а уште почесто од FoodGuru.

Па така, Гуруто е од секаде по малку, но од Скопје најмногу. Тука е за да стане твој пријател и советник во секоја одлука со храна, затоа што тие одлуки, верувале или не, се меѓу најважните кои ги правиме секој ден.

Тој е гуру за каков не сте знаеле дека постои до сега. И ако баш мора да го опишеме со еден збор, за Гуруто важно е да знаете дека е посебен.

Пријател, водич, и суперхерој. Сè во едно.

Денес, и за години кои доаѓаат.