FoodGuru | Светскиот ден на животната средина: Како да бидеме посвесни?
Loading...
Додадено во кошничка!
-->
-->
Категории на храна
Појадок, домашно, апетисани
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Пијалоци
Ресторани »
Најави се
Појадок, домашно, апетисани
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Пијалоци
Најави се на
Погрешена лозинка. Пробај со ја заборавив лозинката!
Forgot Password?
Немаш сеуште сметка? Креирај сметка

Светскиот ден на животната средина: Како да бидеме посвесни?


Денес, 5-ти Јуни, на светскиот ден на животната средина, ќе зборуваме токму за неа. Оваа статија ви ја посветуваме на сите вас кои сте барем малку свесни за еколошките промени кои се случуваат поради нас луѓето, и сакате, вака или онака, да помогнете во зачувување на единствената планета која ја имаме.

Пред да зборуваме за начините на кои сите можеме да помогнеме во трката со времето за зачувување на околината а со тоа и единствената планета Земја која ја имаме, предлагам да ја запознаеме подобро.



Дали знаеш дека ?

  • Планетата земја е стара 4.543 милијарди години и е единствената планета, која нам ни е позната, на која има живот
  • Планетата земја е единствената планета која не е именувана по митолошки богови или божици
  • 70% од површината на планетата Земја е вода
  • Првите форми на живот на планетата Земја се формирани во океаните
  • Една година на Земјата трае нешто повеќе од 365 дена, односно трае дополнитела 1/4 од ден, што резултира во престапни години секои 4 години

Сега откако се присетивме на најважните и можеби најинтересните факти за нашата планета, време е да позборуваме за денешниот ден и што тој значи.

За прв пат, денот на животната средина бил основан на 1972 година од страна на Генералното собрание на ООН. Оваа година, како и секоја друга, важно е сите да станеме дел од решението за конечно да направиме промена.

Промената за која зборуваме може да е било што, сè доколку е направено во полза на околината. Па така, еве неколку идеи како ти, денес, можеш да помогнеш во борбата:

1. Рециклирај - Благодарение на Пакомак контејнерите за рециклирање кои се поставени на повеќе локации во Скопје и Струмица, немаш изговор да не рециклираш. Погледни ја мапата за да видиш каде точно се наоѓаат овие контејнери за полесно да ги најдеш;

2. Вози точак почесто од кола Добро за здравјето и гарантирано 0% емисија на штетни гасови!

3. Не истекувај вода попусто. Колку помалку трошиш чиста вода, толку помали се шансите питка вода да заврши во океаните;

4. Доколку имаш можност, купувај средства за чистење без хемикалии, или сам/а направи природни срества за чистење без штетни хемикалии;

5. Засади дрво секој пат кога ќе можеш. Дали е тоа за време на викенд или кога ќе имаш повеќе пари, искористи ја можноста да засадиш ново дрво. Ако не си во можност, тогаш одлична идеа е да ги собираш семките од овошките кои дневно ги јадеш и да ги расфрлиш низ природата секој пат кога ќе патуваш надвор од твојот град;

6. Волонтирај во акции за чистење на околината. Моментално во Скопје постојат неколку, а Не Биди Ѓубре ни се омилени. Зачлени се во нивната Facebook група, и помогни во следната прилика;

7. Не фрлај храна! Дојадувај секогаш кога можеш, или донирај доколу не можеш. Храната се разградува прилично бавно и е еден од најголемите загадувачи на планетата земја во денешно време;

8. Користи повеќекратни или трајни торби при купување. Пластичниот отпад се разградува најбавно, на некои предмети дури им се потребни 1000 години за целосно да се разградат. Пластичните кеси, поспецифично, се разградуваат по 10-20 години и најголемиот дел од нив завршуваат во океаните, правејќи му огромна штета на водниот свет. Затоа, една од наједноставните промени што можеш да ги направиш денес е да си набавиш трајна торба или да искористиш некоја што ја имаш дома, секогаш кога одиш во маркет.

Сите можеме да направиме нешто што ќе има позитивно влијание на околината и планетата Земја.

Запомни - Целта не е еден човек да ги применува сите гореспоменати правила туку сите од нас да применуваме барем по едно.

Единствено така ќе стигнеме до целата, некогаш.