FoodGuru | Една година FoodGuru
Loading...

Драги гуруа, нарачки примаме од 13.00! ♥️

Додадено во кошничка!
-->
-->
Категории на храна
Појадок, домашно, апетисани
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Пијалоци
Ресторани »
Најави се
Појадок, домашно, апетисани
Бургери & Сендвичи
Мексиканско
Пица & Пастрмајлија
Скара
Главно јадење & Мезе
Азиско
Салати
Десерти
Пијалоци
Најави се на
Погрешена лозинка. Пробај со ја заборавив лозинката!
Forgot Password?
Немаш сеуште сметка? Креирај сметка

Една година FoodGuru

“Многу повеќе од достава на храна” е визијата со која започна приказната на FoodGuru, пред to;no една година на 21ви април 2020 година. Година со многу промени, предизвици, подеми и падови, по која можеме да кажеме дека сме горди на сè што направивме.

Почетоците, со оглед на неoчекуваната ситуација со пандемијата, беа полни со стрес и предизвици, но и мотив повеќе за сите нас да се спроведе инцијалната замисла за сервис на лесно и брзо нарачување на храна.

Во едногодишното постоење успеавме да се етаблираме како препознатлив бренд со квалитетна услуга, проследена со лесна и интуитивна платформа за нарачка, но и бројни понуди и промоции кои за крајните корисници го комплетираат целосното искуство.



Бројката од над 70 различни партнер-ресторани е доказ за напорите кои ги вложуваме за да се задоволат вашите потреби. Постојаното зголемување на понудата на FoodGuru ни овозможи постојан раст затоа што единствено така успеавме да го задоволиме сечиј вкус.


Тимот, пак, кој пред само една година броеше 5 члена сега порасна на 35 луѓе, кои заеднички работат во насока на секојдневно подобрување на сите аспекти од нашиот бренд. 


И додека денес го славиме роденденот во рамките на дозволеното и како секогаш ги почитуваме мерките за спречување на Ковид-19, вреди да потсетиме дека FoodGuru вложи екстензивни напори за безбедно доставување на храната во моментите кога беше најтешко. И понатаму продолжуваме да носиме маски, да држиме дистанца, и да се сакаме виртуелно сè до крајот на пандемијата.



Тимот на FoodGuru секогаш размислува и бара начини за унапредување на сите можни аспекти од работата. Нашата агенда за оваа година вклучува фокус на уште по eco-friendly достава, нова верзија на платформата и пуштање на мобилната апликација во употреба (конечно!), со цел да го подобриме корисничкото искуство.


FoodGuru е тим на креативци чија цел е да го променат здодевното секојдневие и секогаш се подготвени за подобро. Ве сакаме и ви благодариме за поддршката во изминатата година, зошто без вас, ние не би постоеле!


Stay hungry, stay foolish.